Онлајн курсот и неговата структура
Целта на овој курс пред се’ е да ја подигне свесноста во државната, локалната и јавната администрација за ризиците од корупција, судирот на интереси и начините за пријавување можно коруптивно однесување. На почетокот на секоја лекција се наведени целите за учење, а Вашето знаење ќе можете да го проверите преку одговорање на прашањата на крајот од секоја лекција.
Секој модул (поглавје) завршува со дилема-ситуации, со коишто Вие би можеле да се сретнете во текот на Вашето работење. На овој начин практично ќе можете да проверите колку теоретското знаење можете да го примените и во практиката.
На крајот на овој курс ќе имате можност и да го решите завршниот тест по што ќе Ви биде издаден и соодветен сертификат.
Тимот едукатори на ДКСК Ви стои на располагање, доколку имате прашања или Ви е потребна помош за користење на оваа платформа.
Ви посакуваме многу успех!
Државна комисија за спречување на корупцијата
- Teacher: Сашко Колев
- Teacher: Стојан Лешоски
- Teacher: Мирко Савиќ
- Teacher: Борче Стојановски
- Teacher: Адем Чучуљ